Фудбалерот на Ајакс, Стивен Бергхјус вчера направи голем инцидент, откако по натпреварот против Твенте удри еден од навивачите кој според одредени информации расистички го навредувал неговиот соиграч Брајан Броби.
Бергхјус бурно реагираше на провокацијата на навивачите по мечот во Еншеде, а по реакцијата на јавноста се огласи со извинување за својата постапка.
„Жал ми е. Не требаше вака да реагирам“, рече Бергхјус и продолжи:
„После секој натпревар на гости, постојано не чекаат со пцовки. Тоа го прават дури и кога одвојуваме време за навивачите кои сакаат автограм. Навикнат сум на тоа, но луѓето мислат дека можат да викаат што сакаат. Мојот денешен одговор не реши ништо. Добро го знам тоа и нема оправдување бидејќи се уште сум играч на Ајакс“, заврши тој.
Искусниот 31-годишен офанзивец оваа сезона настапи на 42 натпревари и постигна 11 голови и 11 асистенции.
Steven Berghuis punched a Twente fan after he allegedly yelled “cancer blackie” at Berghuis’ Ajax teammate Brian Brobbey.
— Zach Lowy (@ZachLowy) May 28, 2023