Ако е некаква утеха за загубената титула, играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, е прогласен за „Играч на сезоната“ во германското првенство. Веста денеска ја потврди Бундеслигата.
19-годишниот плејмејкер и Борусија ја испуштија титулата во последното коло, но играчот од средниот ред со одличната сезона покажа дека ја заслужува наградата. Тој постигна вкупно 14 гола и имаше 7 асистенции во тековната сезона во германската елита.
Англискиот интернационалец, кој е младински играч на Бирмингем, веќе го одигра последниот натпревар за Борусија и на лето ќе се пресели во Реал Мадрид.
🏆 @BellinghamJude ist der #Bundesliga-Spieler des Saison! 👏#BLPOTS | @BVB | @EAFussball | #FIFA23 pic.twitter.com/ybvg0rB76x
— BUNDESLIGA (@Bundesliga_DE) May 29, 2023