Хајденхајм со домашни играчи стигна до Бундес лигата

814

Хајденхајм ќе дебитира во Бундес лигата во новата сезона (57-ми различен клуб во елитата). Клубот од истоимениот град од областа Баден-Виртемберг успеа да направи вистински подвиг, уште поубава е приказната ако се додаде дека стигна до елитата со помош на домашни фудбалери.

Целиот тим на Хајденхајм е составен од Германци, освен третиот голман Пол Чернут кој е Австриец, а тој не ни бранеше ни секунда сезонава.

Целата сезона тимот ја истера само со играчи родени во Германија. Двојни државјанства имаат Џенис Бурниќ, Кевин Сеса, Мервеј Бјанкади, Ељидон Ченај, Ленард Мелони.

Хајденхајм доаѓа од град со 50.000 жители, пред 20 години играше во петтата лига предводен од локалното момче Франк Шмит. Оригиналниот клуб Хајденхајм е формиран во 1846 година како гимнастичарски клуб кој потоа се ширел придодавајќи пливачки клуб, па потоа и фудбалски клуб па и други спортски клубови.

Модерниот Хајденхајм, овој што го знаеме сега е формиран во 2007 година со одвојување на фудбалската секција од матичниот спортски клуб Хајденхајмер Спортбунд.

Хајденхајм е феномен затоа што, за разлика од РБ Лајпциг, се искачи до најсилната лига без значителни финансиски инвестиции. Во 2007 и 2008 година играл во четвртата лига, а од 2009 и во Третата. Во Втората Бундес лига дебитира во сезоната 2014/15.

Сезоната 2019/20 имаше обид за влез во елитната Бундес лига. Заврши трет на табелата и играше бараж со Вердер кој го загуби. Сезоната 2022/23 ја заврши на првото место на табелата и ете ги момците на Клаус Шмит во најсилната германска лига.

16 ГОДИНИ СО ИСТ ТРЕНЕР

Франк Шмит е творецот на овој Хајденхајм. Тој беше нивен играч до 2007 година, а од истата година стана и тренер. Цели 16 години го предводи тимот.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Главниот играч на екипата е Тим Клајнденст. Поранешниот младински репрезентативец на Германија играше за Фрајбург и Котбус, а од 2021 година е во Хајденхајм. Тој ја заврши оваа сезона со 25 гола, а најдобрите престави ги имаше против Нирнберг кога постигна четири гола и против Карлсруе на кого му даде три гола.

Тука е крилото Јан-Никлас Бесте, исто така поранешен младински германски репрезентативец, кој беше дел од Дортмунд и Вердер но не заиграл ниту минута во Бундес лигата. Тој имаше силна сезона со 12 голови и 12 асистенции.

Уште еден поранешен фудбалер на Дортмунд, Ленард Малони успеа да се снајде во Хајденхајм. Поранешниот младински репрезентативец на САД одигра само два меча за Дортмунд, а среќата си ја побара во Хајденхајм каде е незаменлив во одбраната. Тој роден во Германија, но има и американско државјанство од страна на мајка му.

Голманот Кевин Милер имаше втор најдобар ефект меѓу голманите во Втората Бундес лига. 32-годишниот поранешен играч на Ханза, успеа да ја заврши сезоната со 14 натпревари без примен гол.

Капитен им е дефанзивецот Патрик Маинка. Фудбалер кој е од школата на Арминија Билефелд, а играл за Вторите тимови на Вердер и Дортмунд пред да дојде во Хајденхајм во 2018 година.

СТАДИОН

Хајденхајм игра на „Војт Арена“ која има капацитет од 15.000 гледачи, како споредба тоа е 1/5 од стадионот на Баерн Минхен. Тој ќе биде најмалиот стадион во Бундес лигата и ќе го помине оној на Унион Берлин кој собира 22.000 гледачи.

 

ПретходноФеран Торес ја откачи ќерката на Луис Енрике!
СледноТен Хаг: Без инвестиции Манчестер Јунајтед нема шанси да освојува трофеи