Пивариќ стави крај на кариерата: Не можам повеќе, имав три тешки повреди на ист датум

295

По завршување на првенството на Хрватска заврши и кариерата на левиот бек Јосип Пивариќ. Тој пред пет години беше дел од тимот на Далиќ кој на Мундијалот во Русија играше финале, а во првото интервју по кариерата откри малку познати детали. Тешки повреди му ја уништија кариерата, а можел да биде уште подобар.

Во разговор за „Спортске новости“ Пивариќ кажа дека имал дури седум операции, а неверојатно звучи тоа што доживеал три тешки повреди на ист датум, а различни години…

Имав многу проблеми со повреди, дури седум операции ми ја закочија кариерата и сето тоа сега го чувствувам. Тие операции значително ме потрошија. Се обидував квалитетно да се подготвам за натпревари, се чувствував добро, но многу потешко се опоравував потоа. Сето тоа однадвор изгледаше добро, но никој не знае што се случуваше со мене секое утро. Се чувствувам потрошено и не сакам повеќе да го оптоварума телото.

Да не беа тие повреди сигурно ќе направев повеќе во кариерата. Имав тешки повреди кога ги скинав вкрстените лигаменти на двете колена во моменти кога можеби бев во најдобра форма, кога имав бројни понуди за трансфер. Само на заздравување од повреди изгубив најмалку две години од кариерата, а ако ги бројам и месеците за да се вратам во посакуваната форма, тогаш тоа е двојно повеќе време“, вели Пивариќ.

Хрватот два пати ги кинел вкрстените лигаменти, еднаш метатарзалната коска и сосема случајно тие повреди се случиле на ист датум.

Неверојатно. Тој 26 јануари ми е најлош датум во мојот живот. Двете тешки повреди на колената ги доживеав на тој датум, а пред тоа на истиот датум ја скршив метатарзалната коска“, заклучи Пивариќ кој во кариерата покрај Динамо Загреб и Локомотива играше и за Динамо Киев.

ПретходноВуков: „Лекцијата Монако“ е научена, одиме понатаму!
СледноДе Хеа ќе остане, но неговата клупа ќе биде реалност според зборовите на Тен Хаг!