Лионел Меси има договор со ПСЖ до 30 јуни, но јасно е дека повеќе нема да остане во Париз. Ова поглавје од неговата кариера е завршено, единствено прашање е во кој клуб ќе го видиме следната сезона.
Медиумите објавија дека Меси нема да се врати во Барселона, свесен дека каталонскиот клуб не може да му го понуди тоа што го сака, иако сите се надеваат дека врз основа на нивната долгогодишна љубов, Аргентинецот ќе дојде.
„Му кажав на претседателот дека враќањето на Меси има смисла. Нема сомнение, тој е совршен за нашиот систем и идејата за играта. Имам тактички план со Лео. Се зависи од Лео. Останува тој да одлучи, се зависи од него. Точно е дека зборуваме“, изјави денеска Чави.
Но, доцна синоќа дојде голема вест. „Footmercato“ тврди дека неговиот татко Хорхе ја прифатил понудата на Ал Хилал и дека ќе отпатува за Саудиска Арабија. Им беа понудени чудесни суми кои на братот и таткото на Лео Меси ќе ја обезбедат најголемата провизија во историјата на овој спорт.
Според информациите, Ал-Хилал нуди дури 1,2 милијарди евра за двегодишен договор или 600 милиони евра по сезона, секако со провизии, бонуси и се останато што следува.
Претходно Ал Наср потпиша со Роналдо и му го даде најголемиот договор во историјата и околу 500 милиони евра за 2,5 години, но тоа што му беше понудено на Меси сепак ги надминува сите граници.
Цитираните бројки се луди и едноставно нереални, но кога се во прашање Арапите, сè е можно.
Меси неодамна ја освои титулата со ПСЖ, но немаше добри односи со навивачите на тој клуб и со раководството на ПСЖ бидејќи неодамна беше суспендиран токму поради заминувањето во Саудиска Арабија.
И додека се славеше титулата во Париз, Меси беше на концертот на Колдплеј во Барселон.
Аргентинецот го постигна голот за титулата и неговиот 496-ти гол во најдобрите пет европски лиги и го надмина бројот на Кристијано Роналдо од 495.
Меси оваа сезона постигна 21 гол и даде 20 асистенции на 40 натпревари во сите натпреварувања за ПСЖ и очигледно има уште многу да даде бидејќи се приближува до својот 36-ти роденден во јуни.