Противникот на македонската фудбалска репрезентација во квалификациски натпревари за ЕВРО 2024, Украина, се соочува со проблеми пред самиот стартот.
Покрај ѕвездата на Арсенал, Олександер Зинченко, остана и без првиот напаѓач Роман Јаремчук. Фудбалерот на белгиски Бриж поради повреда ќе ги пропушти првите мечеви од евро-квалификациите, неговото место ќе му припадне на 4-годишниот Назариј Русин, кој настапува за Зарја. Неизвесен е настапот и на Витали Миколенко, фудбалерот на англискиот премиерлигаш Евертон.
Македонија ќе ја пречека Украина на 16. јуни во Скопје, додека три дена подоцна е гостин на Англија на „Олд Трафорд“. На овие две средби дефинитивно во составот на нашиот најдобар национален тим нема да биде Бојан Миовски, кој се повреди.
Селекторот Боби Милевски списокот ќе го објави во четврток.