Легендата се врати во Баерн Минхен!

242

Карл-Хајнц Румениге се врати во Баерн Минхен. Иконата, легедната на “баварците“ сега ќе биде дел од Надзорниот одбор на германскиот шампион. Интересно е тоа што тој се враќа во Баерн веднаш по отказот кој го доби Хасан Салихамиџиќ, сега веќе некогашниот спортски директор на Баерн Минхен.

Условот на КХР да се врати во клубот е да го нема Брацо, па ете и тоа се исполни.

Познато е дека Румениге одамна не го “мирисаше“ Брацо поради Ханси Флик, кој си замина само поради Салихамиџиќ. И сега дојде време Румениге на голема врата да се врати таму каде што му е и местото, во својот Баерн Минхен.

ПретходноВМФЛ: И официјално познати сите 16 екипи за следната 2023/24 сезона, има и некогашен шампион!
СледноВлазнија со понуда за Додев