Алкалоид не застанува, иако сезоната е завршена. Брендот кој успешно се пробива во ракометното првенство и со своите генерации направи вистински бум, тука прво место го ставаме сениорскиот состав, кој е новиот вицепрвак и директен учесник во Европската Лига, како и Мулти Есенс кој обезбеди пласман во Супер-лигата, продолжува да вложува во својата иднина.
Пионерската екипа на РК Алкалоид (У16), екипа составена од играчи родени во 2008 г. и помлади, ќе учествува на турнир на Ракометната академија на РК Пик Сегед.
Турнирот ќе се одржи во периодот од 1 до 4 јуни, а ќе учествуваат шест екипи: РК ОТП Банк ПИК Сегед (Унгарија), РК Алкалоид (Македонија), РК ППД Загреб (Хрватска), РК Војводина (Србија), МРК Крка (Словенија) и РК Ференцварош ТЦ (Унгарија).
Екипите се поделени во две групи, а РК Алкалоид е во група со екипите на РК ППД Загреб и на РК ОТП Банк ПИК Сегед, со кои ќе игра на 2 јуни. На 3 јуни ќе се играат полуфиналните натпревари, а на последниот ден финалето и натпреварите за пласман.