Екипата на Прилеп во плеј-аут лигата заврши на третото место на табелата. Раководството на клубот не се препушти на одмор, туку веднаш почна со градење на тимот за следната сезона.
Денеска и официјално е промовирано новото засилување. Станува збор за пикерот Томче Трајчевски, кој доаѓа од Радовиш и потпиша двегодишна соработка.
Прилепчани најавија дека во овој момент преговараат со неколку засилувања со кои ќе се затвори ростерот за новата сезона.