Миленковски: Сакам да го одржиме ова високо ниво и на следните мечеви

161

Селекторот Јошко Миленковски ја забележа првата победа по враќањето на кормилото на македонската одбојкарска репрезентација. Совладата е Белгија во Златната лига со 3:1.

Возбудени бевме. Да бидам искрен имав и трема пред ваква публика и ваква атмосфера. Среќни сме затоа што играме во Златна лига, против селекција која можеби е подмладена меѓутоа нејзините играчи играат во Лигата на шампионите. Белгија е велесила во светот на одбојката. Беше исцрпувачки натпревар, ние успеавме да го добиеме што ќе ни значи многу за нашата самодоверба. Сакам да продолжиме со ист интензитет, да се подготвуваме за следниот меч со Хрватска и тоа што е важно да одржуваме високо ниво во текот на целиот меч што донекаде ни успеа на мечот со Белгија со одредени падови што е нормално за ваков исцрпувачки натпревар и најважно е да одиме чекор по чекор до тоа што следува во август-септември, а тоа е Европското првенство“, изјави Миленковски.

Подготвени сме за Хрватска. Спремни сме тактички и за тој меч. Се надевам дека ќе го држиме нивото, за нас е исто така важно да играме добро и да ја креваме самодовербата преку овој тренажен процес кој треба да претставува подготовка за ЕП“, додаде нашиот селектор.

ПретходноЃорѓиев: Победивме силна екипа, за следните мечеви мораме ментално да созрееме
СледноРајковиќ останува без својот најдобар кошаркар, тој се сели во Олимпијакос