Реакциите по вчерашните случувања на мечот во Љубљана меѓу Словенија и Македонија и најновиот пораз на нашиот национален тим, не престануваат. Слабите резултати, шесте натпревари во серија без постигнат гол, ги „вжештија“ социјалните мрежи, но извлекоа и коментари од поранешните македонски репрезентативци.
Некогашниот репрезентативец Игор Ѓузелов јавно побара селекторот Гоце Седлоски да си даде оставка.
„Седло не се мачи , биди поштен сам спрема себе, дај си оставка одма ако си и малце паметен на сила убавина не бива. (искрен совет) Со секој следен ден , со секој следен натпревар со секоја твоја следна изјава само тонеш и тонеш ….едноставно не ти оди , од авион се гледа дека нема никаква сплотеност помеѓу тебе , играчите и раководството на ФФМ. Моментално комплетна ФФМ е во слободен пад , нокаутирана е и она незнае што и како понатаму.(такви негативни резултати А репрезентацијата никогаш немала) Не дека следниот селектор ке направи чудо него народот секојпат бара “жртва” за да се засити до следната ……а никој не ја кажува вистината или реалната слика ! Имаме ли струка? Имаме ли капацитет ? Имаме ли квалитет ? Каков квалитет? Ограничен ? Можеме ние да играме со секого но реалноста е друга. Арменија , Кипар ,Малта ,Грузија, Бугарија , Лихтенштајн , Казакстан, Гибралтар , Естонија, Латвија …….тоа за нас е реалноста во моментот а тоа што било порано , како сме можеле тогаш е тоа веќе го нема , назад нема за жал а за напред тешко , ептен тешко , со Господ напред“, напиша Ѓузелов на својот Фејсбук профил.











