Еден од фаворитите елиминиран од Ролан Гарос по пет и пол часовна борба

237

Италијанецот Јаник Синер е елиминиран во второто коло на престижниот Грен слем турнир Ролан Гарос од германскиот тенисер Даниел Алтмајер со 3-2 во сетови. Алтмајер славеше со 6-7, 7-6, 1-6, 7-6 и 7-5 во пет и пол часовна борба на земјениот терен во Париз.

Синер имаше предност и се очекуваше да го заврши мечот со 3-1 во своја корист, но Германецот се разбуди во третиот и четвртиот сет и го елиминира еден од фаворитите за висок пласман.

Алтмајер во следното коло ќе игра со Григор Димитров.

Во следното коло патуваат Каспер Руд, Борна Чориќ, норвешката сензација Холгер Руне кој помина поради тоа што неговиот противник Гаел Монфилс се откажа.

Во женска конкуренција, минатогодишната освојувачка на трофејот Ига Швјонтек се пласира во следното коло по триумфот над Клер Лиу со 2-0 во сетови. Таа во следното коло ќе игра со Ванг Џин од Кина.

Понатаму отиде и четвртата тенисерка на светот Елена Рибакина по триумфот над Линда Носкова од Чешка со 2-0 во сетови. Рибакина во 1/16 финалето налета на Шпанката Сорибес Тормо.

 

 

 

ПретходноХамшик објави крај на кариерата
СледноДојде во Јужна Кореја да потпише за клуб, а заврши во затвор