ФТЦ ја доби драмата со Есбјерг за финале!

50

Ференцварош е вториот патник во финалето на Лигата на шампиони, откако го совлада Есбјерг со 30-29 во драматична завршница. До победата оваа екипа дојде после пресврт, по првото полувреме имаше негатива од четири гола (13-17), а потоа во неизвесна завршница со голот на Емили Белк од десет метри го сруши Есбјерг за голема радост.

Во составот настастапуваат екс-вардарките Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ. Со тоа што првата постигна пет гола од седум обиди, додека втората не успеа да се запише во листата на стрелци. Ангела Малестеин со седум гола беше најдобра кај ФТЦ, додека во редовите на поразениот состав Нора Мерк со седум погодоци.

Финалето се игра во недела, а таму ги чека Вајперс Кристијансанд .

ПретходноДавор Палевски уште две години во дресот на Пролет!
СледноЏемал Ибиши се враќа во мак фудбалот и потпишува за МЃП