По две сезони поминати на кормилото на репрезентацијата на Саудиска Арабија, некогашниот македонски репрезентативец и тренер, Жарко Ристовски доби нов предизвик.
Некогашниот селектор на Македонија во новата сезона ќе седне на клупата на катарскиот клуб Ал Рајан. Тој постигнал договор за едногодишна соработка со катарскиот тим, во обид да ги однесе до шампионската титула. Ал Рајан минатата сезона ја заврши на петтата позиција на табелата во катарскиот шампионат.
За Ристовски ова ќе биде петта сезона како што работи на Блискиот Исток.