Вардар 1961 од вториот шешир ја чека ждрепката за групите во ЛШ

201

Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион ќе биде дел од ждрепката, иако учеството засега е под знак прашалник, и е во вториот шешир. Оваа година има четири шешири со по четири екипи.  Во вториот заедно со Вардар се Алборг, Келце и Порто.

Според правилникот Вардар ќе добие уште еден ривал од својата група и по два од другите. Ждрепката е на 2 јули.

Велиме неизвесно е учеството на Вардар во ЛШ затоа што е под истрага на ЕХФ поради промената на името и неисполнетите обврски на минатото раководство. Доколку не остави депозит од 1.000.000 евра ќе го изгуби своето место во ЛШ и место нив ќе игра словенечки Горење Велење.

Image

ПретходноЛазаров: Поради брендот „КЛ7“ многу деца се мотивираа да играат ракомет!
СледноБелгија-Италија е шлагот на четвртфиналето, Англичаните имаат супер шанса за финале