Додев и дефинитивно заминува во Влазнија

1471

Она што Спортмедиа го најави пред неколку дена, попладнево и ќе се оствари. Дарко Додев станува дел од тимот на Влазнија и во иднина ќе настапува во шампионатот на Албанија.

Досегашниот член на тимот на Брегалница и екс македонски младински репрезентативец заминува на своето прво интернационално искуство, а веднаш со Влазнија ќе игра и на интернационално ниво, затоа што клубот има евро настапи летово.

Додев беше опција и за нашите претставници во Европа летово, како Шкендија и Шкупи, но очигледно дека крилниот напаѓач одлучи да си ја проба среќата во странство.

 

ПретходноАрдијан Нухиу: Да ја вратиме Шкендија каде што и е местото!
СледноДавор Серафимов се сели во Шкупи