Во знак на протест: Бразил на пријателски меч ќе игра со црни дресови

245

Фудбалската репрезентација на Бразил на пријателскиот натпревар против Гвинеја закажан на 17 јуни ќе истрча во црни дресови во знак на протест против расизмот на фудналските терени. Овој потег на Бразилската федерација доаѓа по скандалот со расистички скандирања на крајот на мај кон крилниот напаѓач на Реал Мадрид и бразилски репрезентативец, Винисиус во шпанската Ла Лига.

На црните дресови на Бразил ќе има само еден истакнат елемент – златен број. Медиумите велат дека Бразил ќе игра со црни дресови само во првото полувреме, а потоа на полувремето фудбалерите ќе се префрлат на вообичаените „жолто-сини“ дресови.

ПретходноХадад Маи испиша историја на Ролан Гарос!
СледноОфицијално: Украина со Сергеј Ребров доаѓа во Скопје!