Работнички за разлика од минатата сезона, оваа стигна до полуфиналето, но таму беше елиминиран од вечниот ривал, МЗТ Скопје, кој ја одбрани титулата.
Најтрофејниот кошаркарски колектив направи важен чекор во битката за враќање на стариот сајај. Најавите од условно кажано од „Градски парк“ (сала во која одамна не игра, бидејќи полека, но сигурно порпаѓа), се дека во сезоната која доаѓа, овој тим ќе биде далеку посилен и најважно финансиски стабилен.
Работнички има намера да гради тим за титула. А според информациите до кои дојде СПОРТМЕДИА, раководството на клубот тргна во „лов“ на неколку македонски репрезентативци.
Први на списокот на „црвено-белите“ се Адем Мекиќ и Кристијан Николов, двајца стандардни долгогодишни македонски репрезентативци. Мекиќ дел од претходната сезона ја мина во Задар со кого ја освои титулата во хрватскиот шампионат, додека пак Кристијан Николов кој лани од МЗТ Скопје замина во турскиот тим на Коњаспор.
Целта на Работнички е да доведе квалитетни македонски кошаркарки, а проблематичните позиции да ги потполни со странски засилувања.