И дефинитивно. Лео Меси, веројатно најдобриот фудбалер во историјата, вечерва за Спорт.ес и официјално потврди дека својата кариера ќе ја продолжи во САД , во МЛС и тоа во Интер Мајами.
“Готово е, се знае мојата одлука. А таа е дека ќе играм за Интер Мајами“ потврди Меси…
“Ја напуштам Европа. Имав понуда од друг клуб од Европа, но јас можев и сакав да играм само за Барселона. Откако оваа опција се виде е неможна одлучив својата кариера да ја продолжам во Мајами. Интенција е да го заживееме фудбалот во САД и уживаме во него“ рече покрај другото Лео Меси со што и дефинитивно заврши сагата околу тоа каде тој ќе игра во иднина фудбал.
Инаку тој по даденото интервју веднаш си замина од Париз, а неговиот татко и менаџер, Хорхе Меси отпатува или требаше да отпатува за да ги дефинира сите детали околу договорот.