ЛК – финале: Фиорентина и Вест Хем на пауза заминаа со 0:0, раскрварена глава на капитенот на италијанскиот тим! (ВИДЕО)

66

Заврши првото полувреме од финалето во Лигата на Конференции меѓу Фиорентина и Вест Хем, и тоа со резултат 0:0. Значи немаше голови на “Фортуна Арената“ во Прага. Само неколку закани од двете страни, без некои посебни шанси.

Најинтересно беше во 33.минута кога фановите на Вест Хем почнаа да фрлаат со предмети кон Бираги, капитенот на Фироентина и притоа му ја раскрварија главата, па мораше да му се дава прва помош.

Сепак откако беше преврзан, Бираги продолжи да игра.

Да споменеме дека во самиот финиш на полувремето Лука Јовиќ постигна гол за водство на италијанскиот тим, но поради офсајд истиот беше поништен.

ПретходноПромоција: Васе Беќаров е нов тренер на Беласица!
СледноИ Интер Мајами се пофали: Официјално – Лео Меси! (ВИДЕО)