Се менуваат условите пред финалето на Ролан Гарос!

746

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ќе се бори за својот 23. Грен слем во кариерата, а за ривал во финалето на Ролан Гарос ќе го има младиот Каспер Руд. Српскиот тенисер на дело може да покаже зошто е најдобар, тој има шанса да испише историја.

Натпреварот е закажан за 14:30 часот на „Филип Шатрие“, но според најавите на француските метеоролози временските услови ќе бидат поинакви од претходните денови. Имено, во Париз за попладне се прогнозираат врнежи од дожд придружени со бурни ветрови.

Затоа се очекува Новак и Каспер да играат во затворени услови, односно да биде во функција подвижниот покрив на стадионот „Филип Шатрије“.

Тоа секако ги менува условите на игра, но барем би требало да биде попријатно со оглед на жештините што преовладуваа во Париз претходните денови.

ПретходноЈувентус не пропушти шанса да го „пецне“ Интер!
СледноДен за финале: Калин Ивановски по нов трофеј!