“Ролан Гарос“ – финале: Новак со победа потврдува дека е најголем во историјата!

1069

Попладнево од 14:30 часот, или малку нешто потоа, закажано е големото финале на “Ролан Гарос“, вториот гренслем турнир во оваа 2023 година. А таму битка ќе водат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Каспер Руд (Норвешка).

Големо финале, во кое секако дека Ноле е голем и апсолутен фаворит. Цел тениски свет очекува тој да победи и по третпат да го “освои“ Париз, по третпат во својата кариера да го подигне пехарот на својот најмалку посакуван гренслем турнир, се знае и зошто.

Новак со победа ќе влезе во историјата. Имено тој ќе биде првиот тенисер во светот кој има 23 освоени гренслем турнири, засега е израмнет со Рафа Надал по 22.

Новак со победа одново ќе се врати таму каде што и му местото, на првата позиција на АТП листата. Новак со победа ќе го освои и вториот гренслем турнир оваа година и ќе биде на половина пат до календарски гренслем.

И кога се игра за историја, тогаш психологијата игра голема улога, но Новак ова веќе го поминал, знае што и како треба.

Централниот терен на ФО наречен “Филип Шатрие“ ќе сведочи за историја, но само ако Новак победи.

И нема да биде лесно. Каспер Руд игра добар тенис оваа година на “Ролан Гарос“, и тоа како добар. Ако веќе стигнал до финалето секако дека ќе сака да дојде до првиот голем пехар или турнир, и тоа преку Новак.

Сепак сите погледи ќе бидат свртени кон Србинот кој според очекувањата, ако се биде како што треба, ќе биде БЕСМРТЕН.

ПретходноХаланд: Да имав ден, ќе постигнев два гола!
Следно3Х3 – КВАЛИФИКАЦИИ ЕВРО КУП: Македонија против Чешка за место во полуфинале!