Ил Капитано или Хавиер Занети, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Интер. Во свое време еден од најдобрите фудбалери во светот, иконата на Интернационале, а сега еден од раководните лица на овој клуб кој вчера загуби во финалето на ЛШ.
Е тој Занети покажа дека е голем човек и знае да ги почитува своите фанови.
Еден од тие е Македонец, познатиот Дамевски блогерот кој не крие дека е голем фан на Интер, беше и вчера во Истанбул да го бодри својот тим. Дамевски покажа дека го имаме тетовирано Аргентинецот на својата нога, а Занети тоа го сподели на сторито на својот Инстаграм профил.
Каква чест за Дамевски, каков потег на Ил Капитано, и каков респект кон своите фанови.
Секоја чест Хавиер…