Манчестер Сити синоќа во Истанбул, во големото финале во ЛШ, успеа да го победи Интер со 1:0 и со тоа за првпат во својата историја да стане европски првак. Стрелецот на голот беше Родри, кој сега херој за своите соиграчи и фанови.
Па така, откако завршија сите церемонии, дојде до лудо славење во соблекувалната на Сити, се пееше – Rodri`s on fire!
Песната ја започна Грилиш, за да потоа се приклучија сите играчи, се во чест на стрелецот на голот со кој Сити ја освои Лигата на Шампионите.