Хулијан Алварез: На 23 години може во пензија, нема вреден трофеј што не го освоил!

524

Еден и единствен е Хулијан Алварез, репрезентативецот на Аргентина и напаѓачот на Манчестер Сити. На само 23 години слободно може во пензија, ги освои сите можни трофеи кои нешто вредат во фудбалот.

Последните седум месеци беа блескави за него. Се почна во Катар кога со Аргентина светски првак, а сезонава со Сити, во својата деби сезона, ја освои ЛШ, потоа Премиерлигата и ФА купот.

Да не заборавиме дека претходно во 2021 со својата репрезентација беше прв на Копа Америка, пандан на ЕВРО.

Како некогашен фудбалер на Ривер Плата, Алварез исто така ги освои сите можни клупски трофеи во својата земја и во Ј. Америка. Беше првак на Аргентина, го освои Купот и Суперкупот, го освои и трофејот во Копа Либертадорес.

Па, зарем може подобро од ова? И тоа на само 23 години.

Чиста перфекција на Алварез…

Image

ПретходноЛудница во соблекувалната на Сити: Се пееше Rodri`s on fire! (ВИДЕО)
СледноВокер пред дуелот со Македонија му се “извини“ на селекторот Саутгејт за тоа колку алкохол ќе испие! (ВИДЕО)