Јуве прави понуда за Габриел Жезус по Копа Америка

252

Јувентус има се поголем интерес за напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жезус. Бразилецот е една од главните трансфер цели на „бјанконерите“ ова лето и тие веќе подготвуваат понуда за него, пренесува „Газета дело Спорт“. Фудбалерот во моментов е со репрезентацијата на Бразил на Копа Америка, а преговорите за негов трансфер во Торино ќе започнат веднаш по завршувањето на турнирот.

Манчестер Сити најверојатно нема да направи големи проблеми во овој процес за Габриел, кој минатата сезона го загуби стартното место. Покрај тоа, „Етихад“ работи напорно за да го привлече Хари Кејн од Тотенхем, што дополнително ќе ги ограничи шансите за настап на Бразилецот

ПретходноМихајло Арсоски е ново засилување за Феникс
СледноОФИЦИЈАЛНО: Нуно Еспирито Санто е нов менаџер на Тотенхем