Игор Тудор и официјално заминува од клупата на Олимпик Марсеј. Тој, за време на прес-конференцијата во петокот најави дека ќе го напушти тимот по само една сезон, а сега стигна и потврда од клубот.
„Го прифаќаме и го почитуваме изборот на Игор Тудор да не го продолжи ова патување со нас следната сезона“, изјави претседателот на клубот Пабло Лонгорија на денешната прес-конференција.
Хрватскиот менаџер, наводно, очекува враќање во Серија А, а дали можеби Верона, каде што работеше пред да се пресели во Марсеј ќе биде негов нов клуб, останува да се почека.