Украинците беа пред победа, Германија се спасуваше од пенал

737

Во пријателски натпревар во Бремен, репрезентацијата на Украина беше пред победа против фаворизираната Германија, но упорните домаќини на крајот се спасија од пораз и извадија реми – 3:3. Конечниот резултат веројатно не сооветствува со желбите на „панцирите“ кои сакаа победа за јубилејот– 1000 натпревари на националниот тим низ историјата.

Противникот на нашата репрезентација в петок во Скопје во рамките на квалификациите за ЕП 2024, одигра одличен меч и уште во првиот дел покажа дека е во добра форма и оди на победа. Германците поведоа во 6. минута со голот на Филкруг, но веќе во 18. минута беше 1:1. По асистенција на Тимчук, Циганков погоди за израмнување. Украина само пет минути подоцна направи пресврт. Со автоголот на Ридигер, Украинците поведоа со 2:1 и заминаа на пауза со предност.

Во второто полувреме, Циганков со својот втор гол во 56. минута ја донесе Украина и до предност од 3:1, за во завршницата домашните преку Каи Хаверц (83’) да намалат на 2:3, а потоа со гол од пенал на Џошуа Кимих и да дојде до реми 3:3.

ПретходноУ21: Канатларовски го одржа првиот тренинг пред контролата со Ерменија (ФОТО)
СледноНајголемата ѕвезда на Реал (М) следната сезона со бројот 7 на својот грб