Реал Мадрид на пресконференција го претстави Брахим Диас, кој досега играше како позајмен во Милан. Шпанецот потпиша договор со „кралскиот клуб“ до 2027 година и ќе го носи дресот со број 21. Диас одигра 124 меча за Милан, со кого стана шампион во Серија А во 2022 година и оваа сезона со „росонерите“ стигна до полуфиналето на ЛШ.
„Во Реал Мадрид се врати еден од нашите – Брахим Диас. Добредојде дома! Од првиот ден сонот ти беше да бидеш дел од историјата на овој клуб“, се присетува првиот човек на Реал, Флорентино Перез.
„Се враќам подготвен. Знам што значи дресот на Реал Мадрид. Благодарам за довербата и сакам да продолжиме да работиме успешно и да освојуваме многу трофеи“, додаде Диас.