Ромелу Лукаку добил понуда вредна 20 милиони фунти по сезона од саудиски Ал-Хилал за да се преселеи во нивните редови следната сезона. Британски „Гардијан“ пишува дека на мета на клубовите во Саудиска Арабија се и Хаким Зијех и Пјер-Емерик Обамејанг од Челзи, како и Ријад Марез од Манчестер Сити.
Лукаку, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Интер од Челзи, се состанал со официјални лица од Ал-Хилал во Париз вчера за да разговара за потенцијалната преселба во Саудиската Премиер лига. Се смета дека белгискиот напаѓач претпочита враќање во Интер во оваа фаза, иако финансиските проблеми на италијанскиот клуб би можеле да го оневозможат неговиот постојан трансфер.
Претставниците на Интер треба да заминат во Лондон оваа недела за да разговараат за трансферот од 50 милиони фунти за камерунскиот голман Андре Онана и потенцијалниот договор за позајмица на Лукаку.