Ракометната завеса и официјално ќе се спушти овој викенд во добро познатиот германски град Келн. Најдоброто секогаш се чува за крајот, во „Ланксес Арена“ на распоредот се два дена исполнети со врвен ракомет.
Фајнл-фор завршницата секогаш е возбудлива, така беше лани, а ништо помалку нема да биде ниту сега. Бранителот на тронот, Барселона во полуфиналето ќе ги одмери силите со Магдебург, додека пак ПСЖ предводен од Раул Гонзалес ќе игра против Кјелце. Токму Шпанецот заедно со Алекс Душебаев, Игор Карачиќ и Лука Циндриќ беа дел од првото вардарово чудо во Лигата на шампиони.
Деновите кога Вардар се искачи на тронот никој нема да ги заборави. Алекс Душебаев во интервју за ЕХФ се присети на тие моменти.
„Тој трофеј беше многу посебен, игравме фантастичен ракомет во Лигата на шампионите и бевме аутсајдери во таа година“, се сеќава Алекс, кој по овој Ф4 се пресели во редовите на Кјелце, кој лани се најде во финалето, но беше поразен по изведување на пенали.
Полскиот тим има еден трофеј, во сезоната 2015/2016. Тој сака заедно со својот татко Талант Душебаев и неговиот брат Даниел.
Фото: РК Вардар