Големо засилување во редовите на Силекс. Од денеска и официјално Леонид Игњатов (21), младинскиот репрезентативец на Македонија и досегашен член на Скопје, е ново име во редовите на Силекс.
Дознаваме дека Игњатов и Силекс го потпишале договорот, сега останува само уште промоцијата.
Инаку Игњатов е дете на Вардар, на 17 години се пресели во младинскиот тим на Хајдук, а во таборот на “пиратите“ беше еден од најдобрите во изминатите две сезони.
Со Игњатов, кој може да игра на неколку позици во офанзивниот дел од средниот ред, кратовци добија големо засилување.