Неверојатни вести доаѓаат од С. Арабија. Имено тимот на Дарко Велковски, Ал – Етифак наголемо преговара со Стивен Џерард за тој да седне на клупата на овој тим кој е член на елитната лига во таа земја. За ова веќе пишувавме.
Ново е тоа што Кутињо, Мане и Фирмино, кои некогаш заедно играа со Џерард во Ливерпул, би можеле исто така да се најдат во Ал – Етифак и да станат соиграчи на нашиот репрезентативец.
Имено сите тројца имаат отворени понуди да дојдат во Ал – Етифак.