Дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Јае е на добар пат да го засили германскиот шампион Баерн Минхен.
Според „Фут Меркато“, доколку Лукас Ернандез биде продаден во ПСЖ , Баерн ќе се обиде да го ангажира играчот на Наполи. За да го убеди Кореецот, управата на Баварците е подготвена да му понуди плата од 10 милиони евра годишно.
Самиот играч и понатаму преферира да игра во Премиер лигата каде најголем интерес за него покажува Манчестер Јунајтед.