Николов: Оваа генерација има капацитет, но и атмосфера за големи нешта

224

Македонската репрезентација до 21. година вчера го одигра првиот од двата пријателски мечеви закажани за овој термин. На домашен терен одигравме 1:1 против Ерменија, а ни следува дуелот со Малта.

Она што остава впечаток е дека и покрај тоа што на моменти од мечевите играме добро, и сме надмоќни над противникот, сепак, не можеме да победиме.

Капитенот на вчерашниот меч, Иван Николов, за Спортмедиа вели дека нема место за паника и дека сите овие мечеви за репрезентацијата даваат само позитивни сигнали. Што чини, а што мора да се поправи за да се биде во ред кога наесен ќе стартуваат квалификациите.

„Според мене, а и според сите тука во репрезентацијата имавме вчера добар меч. Добра проверка за она што следува наесен за нас. Иако тоа можеби некој не може да го процени во моментов, но јас ве уверувам дека имаме многу квалитет и потенцијал во оваа генерација. Плус, она што најмногу ме радува, е фактот што имаме одлична атмосфера. Кога ќе бидеме комплетни ќе го кренеме нивото на игра на највисоко можно. Она што пак сметам дека мора да го поправиме е реализацијата. Создадените шанси да ги претвараме во гол. Таа трета зона, и играта во неа мора да ни биде уште подобра. Само така ќе дојдеме до она што го посакуваме, а за она што знам дека сме способни“ – вели за Спортмедиа, капитенот на У21 репрезентацијата, Иван Николов.

 

ПретходноОва е составот со кој Македонија ќе ја нападне Украина: Елмас, Нестор, Алекс…!
СледноМбапе ќе игра за Франција на престојните ЛОИ во Париз 2024