Енцо Мареска е назначен за нов тренер на Лестер. „Лисиците“ се преселија во Чемпионпшип дивизијата, па го ослободија тренерот Дин Смит и го назначија Шпанецот за нов кормилар. Марсеска му беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, а сега ќе работи самостојно.
Негова задача е да го врати Лестер во Премиер лигата. Сепак, тоа ќе биде тешка задача затоа што дел од првотимците си заминаа или се во преговори за заминување во текот на летото. Тоа значи дека Мареска ќе мора да го реновира тимот за сезоната што претстои.