Од рајот до пеколот….за Македонија

1177

Македонија – Украина 2:3 вечерва на Арената во Скопје во квалификациски меч за ЕВРО 2024. Штета, имавме блескаво, фантастично, магично прво полувреме за водство од 2:0. Со голот на Барди од пенал и со онаа магија на Елмас.

Но затоа пекол за нас во второто полувреме. Како да истрча некоја друга Македонија во вториот дел, катастрофална Македонија а Украина одлична, го искористи моментумот за три гола и за победа од 2:3.

Штета, навистина штета. Ќе се памети како тоа ние се испуштувме во второто полувреме.

БАРДИ ОД ПЕНАЛ, ПА МАГИЈА НА ЕЛМАС

Нервозен почеток на двете селекции, посебно на Македонија а за тоа беше виновен судијата Фандрих од Швацарија кој со неколку чудно одлуки ги изнервира нашите момци.

Но тоа кусо траеше, а како што одминуваше времето Македонија беше се подобра и подобра. Ако ја изземеме оној шут на Миколенко во 30 секунда, се останато беше на наша страна. Барди во 15.минута со шутот над голот го најави она што следуваше.

А потоа фантазија. Прво Матвијенко играше со рака за наш пенал, со помош на ВАР. Барди беше сигурен пеналџија за 1:0, за еуфорија на 20.000 фанови на Арената.

Веднаш потоа Трајковски упати закана, но ништо. И тогаш дојде таа 39.минута кога Елмас со магичен гол, со фантастичен гол успеа да зголеми на 2:0. Тоа беше гол кој ретко се гледа, гол кој во транс ги фрли фановите.

Во 44.минута Алиоски од слободен удар шутираше фантастично, но Трубин едвај одбрани.

Штета, бевме блиску до 3:0. Малку недостигаше. Но и вака со 2:0 одиме на пауза.

Супер Македонија, супер водтсво, БРАВО МОМЦИ.

УКРАИНА БРЗОПОТЕЗНО ИЗРАМНУВА, ПА И ПОВЕДУВА

Второто полувреме почна мирно, Македонија како што и треба, не веќе такака офанзивна. Нема потреба да се залетуваме, па водиме со 2:0. Им ја препуштаме иницијативата а ние од контри се закануваме.

И така беше се до 62.минута кога Забарни ја искористи нашата невнимателност и намалува на 2:1. Примен гол во незгодно време.

Штета.

Но, тоа не е се. Мудрик во 68.минута асистира, а Конопља израмнува, каков шок на Арената.

Дали навистина требаше толку да се повлечеме? Од 2:0 зна 2:2 за само шест минути. Да биде уште полош, Муслиу доби втор жолт картон, па мораше да ја го напушти теренот. Јасно е дека нема да игра и против Англија во понеденик.

Се виде дека Украина е подобра во овој дел, Мудрик со нова асистинција а Циганков во 83. со гол за 2:3.

Квалификации за ЕВРО 2024 – група Ц

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 2:3 (2:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 18.000. Судија: Лукас Фандрих (Швајцарија). Стрелци: Барди (п) 30., Елмас 39. (МАК), Забарни 62., Конопља 68., Циганков 83. (УКР). Ж. Картони: С. Ристовски, Муслиу (МАК), Довбик (УКР). Ц. Картони: Муслиу 72. (МАК).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Муслиу, Зајков, Ашковски (65.Брдаровски, 90.Дор.Бабунски), Алиоски, Барди, Адеми (65. Атанасов), Елмас, Несторовски (65. М. Ристовски) Трајковски.

УКРАИНА: Трубин, Тимчик (46. Конопља), Забарни, Матвијенко, Миколенко, Циганков (92. Зубков, Степаненко, Судаков, Мудрик (90. Сидорчук), Довбик (46. Ванат), Јармоленко (66. Малиновски).

ПретходноНавивачите на Панатинаикос го прекинаа финалето, титулата доделена на Олимпијакос
Следно„Тренинг“ за Англија на Малта, Ерменија славеше во Кардиф