Селекторот во болница кај Дарко Чурлинов!

4613

Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски

Тешки недели има зад себе крилниот напаѓач Дарко Чурлинов, кој има здравствени проблеми, поради кои е надвор од репрезентативниот строј. Македонскиот фудбалер има проблем со забите, во текот на мај фатил сепаса и заврши во клиника во Белград. Докторите од Србија сториле се за да фудбалерот успее да ги надмине големите проблеми.

Дарко Чурлинов сега се чувствува добро и се наоѓа во клиника во Англија, а таму претпладнево во негова посета беа селекторот Благоја Милевски, спортскиоот директор Дени Масев и техничкиот секретар Зоран Зафиров.

Фудбалерот на Барнли добро се опоравува па дури има и најави дека би можел во понеделник да се појави на „Олд Трафорд“ и да наива за нашата и негова Македонија. Тој и Бојан Миоски се двајцата наши репрезентативци кои играат на островот и кои поради здравствени проблеми не се на списокот за дуелите со Украина и Англија.

Поддршка за Чурлинов секојдневно доаѓа и од неговите репрезентативни другари. Со денешната посета во болницата селекторот Благоја Милевски направи одличен потег и најави дека фудбалерите секогаш ја имаат неговата поддршка.

ПретходноДон Карло ќе биде селектор на Бразил!
СледноНајава за големо невреме во Манчестер: Тренингот на Македонија на “Олд Трафорд“ поместен за попладнево!