Како што известуваат медиумите на Островот, Роман Абрамович, некогашниот сопственик на Челзи, барем засега, одбива да и го даде на Украина тие 2,3 милијарди фунти, кои и ги вети, од продажбата на клубот минатата година.
Имено рускиот тајкун јавно кажа дека парите од продажбата на Челзи, ќе ги донира во корист на настраданите од војната во Украина.
Токму поради руската инвазија врз Украина, тој мораше да го продаде клубот на Американецот Тод Боли.
Најново е тоа што Роман, барем така се шпекулира, половина од таа сума, сакал да ги донира во својата земја.
По се изгледа дека тие пари Украина нема да ги види, а ни Русија, ако се знае каков е ставот на ЕУ за сметките на руските тајкуни.