Шкендија – Мура за 300 и 200 денари, прво мерење температура па потоа влез за фановите!

810

И дефинитивно мечот од квалификациите во ЛШ меѓу Шкендија и Мура, во кој се среќаваат прваците на Македонија и Словенија ќе се игра со публика. Но дозволено е да има само 30% од капацитетот на Арената “Тодот Проески“ или околу 11.500 фанови.

Билетите ќе се продаваат само преку интернет, а мечот како што е познато ќе се игра во вторник со почеток од 20 часот.

Сепак со оглед на фактот дека живееме веќе подолго од 1,5 година во корона период, за сите оние кои ќе сакаат да ја гледаат во живо Шкендија, ќе мора да минат низ строги процедури, односно анти Ковид мерки, односно протоколи.

Па така на секој фан при влезот на Арената ќе му се мери телесната температура, потоа билетите ќе бидат персонализирани. Секако дека ќе мора да се носат маски, при влезот и да се дезинфицаат рацете, мора да има социјално растојание. Строго е забранет пристап до официјалните лица.

Инаку цената на билетите е 300 денари за север и југ, а 200 денари за исток и запад.

Претходно„Македонецот“ Вајли ќе стане играч на Будуќност!
СледноБековите Моралес и Диало се нови играчи на Вардар 1961