„Македонецот“ Вајли ќе стане играч на Будуќност!

229

Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли ќе ја напушти Гран Канарија и ќе ја продолжи кариерата на Балканот, поточно во најдобриот црногорски клуб Будуќност.

Будуќност е блиску до услугите на американскиот кошаркар кој од ноември 2020 игра за Македонија, а минатата сезона ја почна во Гран Канарија, а ја доврши во Сарагоса како позајмен.

Вајли ги носеше дресовите на Лудвигсбург, Аделаиде, Гран Канарија, Панатинаикос и Сарагоса.

Инаку пред Вајли, Будуќност се засили со Един Атиќ од Игокеа и Марко Јагодиќ Куриџа од Црвена Звезда.

ПретходноТиквеш го потврди Урош Мирковиќ!
СледноШкендија – Мура за 300 и 200 денари, прво мерење температура па потоа влез за фановите!