Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе уште еднаш ја покажа екстра формата сезонава со второто место во Италија во рамките од европски ридско брзински шампионат.
На трката која што се возеше во Асколи, Стефановски заврши како втор што секако му донесе екстра бодови со кои дополнително се зацврсти на првото место во генералниот пласман.