„Фалангата“ е подготвена за сензација вечерва на Олд Трафорд

621

Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски

Како што во текот на вчерашниот ден веќе најавивме, поголема бројка на навивачи од нашата пред се од нашата дијаспора вечерва ќе биде присатна на Олд Трафорд и ќе ја бодри македонската фудбалска репрезентација која го игра третиот дуел од актуелниот квалификации против домаќинот Англија.

Закажана е средба на сите кои ќе бидат присатни на Олд Трафорд во фан зоната организирана токму од нашинците во Англија, од 13:00 часот, а потоа пеш до „Театарот на соништата“.

„Сигурни сме во успех на Македонија. Не се предаваме иако Англија е фаворит. Да, е ама само на хартија. Одиме на победа – велат навивачите на Македонија.

ПретходноОбложувалниците не и даваат никакви шанси на Македонија, коефициентот за “2“ е 20.00!
СледноЈуниорките на први „проверки“ во Солун!