Фиорентина денеска потврди дека Франк Рибери не е повеќе играч на клубот од „Артемио Франки“ затоа што неговиот договор истече синоќа. По две сезони со „виолетовите“, францускиот крилен играч изрази желба да продолжи во Фиренца по назначувањето на Винченцо Италијано за нов стратег, но од клубот не одлучија да му понудат договор по негова мерка.
Поранешниот фудбалер на Баерн и Марсеј и екс-француски репрезентативец во текот на летото ќе бара нов клуб. Инаку 38-годишниот Рибери за Фиорентина одигра 51 меч.