Од младо до старо се збрало за Македонија!

354

Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски

Сликата на денот е од центарот на Манчестер, барот Синклер кој обично е база на англиските фанови и оние од Манчестер Јунајтед, но денеска истиот е обоен во „црвено-жолто“, преплавен со македонски знамиња и окупиран со наши навивачи.

Сите патишта на нашинците кои живеат и работат на островото водат кон „Олд Трафорд“ каде вечерва од 20:45 часот нашата Македонија излегува на мегдан со силните „Tри лава“, домашната Англија. Тимот на Благоја Милевски против оној на Герет Саутгејт. На фотограијата која ја улови Спортмедиа може да се видат oвие мали македончиња кои со своите родители и со дресовите на својата земја дојдоа да навиваат за своето. Фотографија која буди емоција и фотографија која треба да ја видат и нашите репрезентативци пред да излезат на тешкиот бој.

Треба да знаат дека од најмладо, па до најстаро е на нозе за националниот тим, за нив фудбалерите, за државата. Киксови како оној со Украина се случуваат но тоа треба да се заборави затоа што нашиот состав денеска оди по ново чудо. Ќе биде тешко, премногу тешко…. Но тука сме, не се предаваме! Од Лондон, од Бирмингем, Глазгов па и од Сиднеј и од Европа се собира „Фалангата“ во стариод дел на Манчестер, а потоа сите заедно кон „Олд Трафорд“.

Ќе има околу 600 наши навивачи на „Театарот на соништата“, затоа што толку влезници се веќе продадени за навивачите од Македонија. Атмосферата се загрева, македонски песни се пеат низ Манчестер! Домашните уште ги нема, работен ден е и затоа ќе се активираат во попладневните часови.

 

ПретходноХоселу е нов играч на Реал Мадрид
СледноНашиот тим за Англија е истиот од Украина, Велковски на местото од Муслиу!