Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски
Како и при секое патување така и при ова во најфудбалскиот град во Англија секој наш фан, гостин, новинар оди во посета на спортски продавници за да се купат дресови, маички, реквизити од познати клубови и репрезентации.
При една посета на продавница која го носи името „фудалска класика“ налетавме на нешто наше, на нешто од Македонија! Во ројот од дресови, го пронајдовме и дресот на нашиот лански првак ФК Шкупи. Единствен од нашиот регион и тоа држи цена од 20 фунти, иако оние на Олдам, Барнли, Ватфорд ги имаше и за 15 фунти!
Да потсетиме дека станува збор за продавница за класици, ретро дресови каде ги има сите светски клубови а еве по некоја случајност или судбина налетавме и на дресот на Шкупи!
ФОТО: Спортмедиа.мк