Англија ја разнесе Македонија со 7:0 во квалификациски меч за ЕП 2024, сигурно и селекторот на домашните Герет Саутгејт не очекуваше волку слабо издание на нашите фудбалери. За Би-Би-Си Радио тој изјави.
„Фантастично. На стадионот имаше прекрасна атмосфера и тоа им даде на фудбалерите огромен поттик. Ова е брилијантна ноќ. Времето беше добро, теренот беспрекорен, навивачите на висината на задачата. Од тука и нашето перфектно издание.
Најмногу ме радуваше тоа што секогаш кога ја губевме топката, покажувавме глад брзо да ја вратиме во наш посед. Квалитетот на играта беше добар, а завршните удари немилосрдни. Во оваа фаза, после монструозно напорна сезона, играчите останаа ментално силни и одиграа најдобро. И тоа посебно ме радува“, изјави Саутгејт.
За стрелецот на трите гола, Букајо Сака изјави:
„Среќен сум поради него. Имаше повреда на Ахиловата тетива но стисна заби и остана со нас. Тој напорно работи, талентиран е, но и скромен. Многу е популарен меѓу играчите и целиот персонал“.