Симева донесе водство за Македонија!

148

Македонската тенисерка Александра Симева го донесе првиот поен за Македонија во денешниот дуел од второто коло против Азербејџан од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот што се игра во Скопје. Таа во првиот денешен меч ја победи Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови (6-1, 6-1) за 50 минути игра. Ова за Симева е вкупно трета сингл победа во мечевите на македонскиот национален тим.

Во првиот сет Симева поведе со 3:0 во гемови кога противничката го освои единствениот гем, а потоа следуваше уште една серија на Симева за 6:1. Во вториот сет македонската тенисерка имаше водство од 2:0, кога противничката повторно со брејк дојде до единствениот гем во сетот исто како и во првиот сет. Симева сетот го заврши со четири гема во низа за уште еден сет од 6:1. Нашата тенисерка имаше 6 аса, а 7/9 брејк топки, додека противничката имаше 2/4 брејк топки.

Во вториот меч ќе играат Магдалена Стпилковска и Лала Еивазова, додека во дубл за Македонија се пријавени младите Ива Данева и Ана Митевска.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска нема да настапи.

фото: Денис Дуковски

ПретходноВодњански Лисици повторно се враќаат на сцена!
СледноАгрон Хајредини освои златен, Јулијана Петровска сребрен медал на Специјалната олимпијада!