По вчерашниот настап на каратистот Емил Павлов, денеска на Европските Игри во Краков, Полска ќе с епојават и боксерите.
Според програмата, денеска се натпреварите во бокс, а своите први настапи ги очекуваат нашите Озмен Илхан Атила и Ален Рустемовски.
Во „Нови Тарг“ арената во првото коло во категоријата до 63,5 кг., Озмен Илхан Атила се среќава со Џанлуиџи Маланга од Италија, додека Ален Рустемовски во категоријата до 57 кг. ќе го предизвика Махмуд Небил Ибрахим од Шведска.
Во машкиот кајак спринт на 500 метри ќе се натпреварува и Владимир Малески.