Мбапе може во Реал, но само ако Перез е подготвен да плати 250 милиони евра!

319

Откако стана јасно дека сопственикот на ПСЖ му дал ултиматум да го продолжи договорот или да си замине, веќе почнаа да се пласираат информации во јавноста околу иднината на француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе. Дел од јавноста веќе почна да плете приказни за негово заминување во Реал (М) за сума од неверојатни 250 милиони евра.

Дел од информациите кои се пласираат во јавноста доаѓаа од навивачите на ПСЖ кои тврдат дека претседателот на Реал, Флорентино Перез наводно се договорил со претседателот на нивниот клуб за трансфер од 200 милиони евра, со бонус од 50 милиони евра. Веста ја спомена и инсајдерот Фабрицио Романо во едно радио гостување, но со дополнување дека за сето ова да се случи Реал ќе мора да ја активира откупната клаузула на фудбалерот, што во овој момент можеби изгледа неверојатно.

Ако сепак Реал и ПСЖ се договорат, Мбапе треба да потпише шестгодишен договор со „кралскиот клуб“, што ќе преставува вистинска „трансфер бомба“ ова лето.

ПретходноИОК не ја признава Светската боксерска асоцијација (ИБА)!
СледноОдреден комплетниот „возен ред“ на кошаркарите за претквалификациите за ЛОИ 2024